Бени и Ориѓански најавуваат вечер за уживање, влезници по цени од 800 до 1.200 денари

by fokus

На 20-ти април со почеток во 20:30 часот во Македонска Филхармонија ќе се одржи концерт на Златко Ориѓански и Бени Шаќири со пријателите.

Двајцата музичари ќе понудат едно сосема поинакво музичко издание. На концертот ќе бидат изведени сите песни од албумот „Добро утро госпоѓо“.

Ориѓански и Шаќири се долгогодишни соработници и како производ на соработката ќе го одржат својот прв концерт заедно со пријателите во Македонската Филхармонија. Бени и Златко не најавуваат спектакл туку најавуваат вечер во која сите ќе уживаат.

Картите се веќе во продажба во „Југотон“ и преку продажната мрежа на „КУПИ КАРТИ ЗА СЕ“. Можат да се купат по цени од 800, 1.000 и 1.200 денари.

Поврзани новости