Бенет: Путин ми вети дека нема да го убие Зеленски

by fokus

Поранешниот израелски премиер, Нафтали Бенет кој накратко служеше како посредник на почетокот на руската војна со Украина, вели дека добил ветување од рускиот претседател дека нема да го убие Зеленски.

Како што информира новинската агенција, Бенет рекол дека го прашал Путин дали има намера да го убие украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Прашав „што е со ова? Дали планираш да го убиеш Зеленски?“
Тој рече „Нема да го убијам Зеленски“. „Нема да го убијам Зеленски“, изјавил Бенет.

Бенет во интервјуто посочил дека потоа му се јавил на Зеленски за да го извести за ветувањето на Путин.

Поврзани новости