Бен Стилер се сретна со Зеленски: Украинците ја имаат поддршката од светот

by Fokus

Актерот Бен Стилер пристигна во Украина откако ги посети бегалците од таа земја кои се наоѓаат во Полска. Тој го посети и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој на „Телеграм“ ја најави посетата на актерот.

„Украинците имаат поддршка од целиот свет, од многу познати личности. Посетата на Бен Стилер уште еднаш го потврдува тоа. Вашите средби со нашиот народ зборуваат многу. Цениме што сте тука во овој тежок момент за нашата земја“, напиша Зеленски.

Поврзани новости