Беличанец нема пак да се кандидира во Кисела Вода, дали се отвора пат за Јохан?

by Фокус 18:37
18:37

Билјана Беличанец-Алексиќ, градоначалник на Кисела Вода, дефинитивно нема повторно да биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за уште градоначалнички мандат во оваа скопска општина на следните локални избори.

-Ми недостасува актерството, така што не планирам да се кандидирам за втор мандат. Овие четири години се едно големо, големо животно искуство за еден човек како мене. Изразувам голема благодарност до ВМРО-ДПМНЕ и пред се лидерот на партијата Никола Груевски за тоа што ми беше укажана оваа можност и убедена сум дека партиските структури и партиската организација ВМРО-ДПМНЕ ќе ја исфрли соодветната личност на претстојните локални избори во која во која граѓаните и жителите ќе се препознаат – изјави Беличанец-Алексиќ за телевизијата Нова.

Еден од можните кандидати за градоначалник на Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ е пратеникот Јохан Тарчуловски, кој неодамна за Фокус изјави дека не поднел кандидатура до партијата, меѓутоа доколку му биде понудено ќе размисли за оваа опција и потоа ќе донесе одлука.

- Advertising -

Поврзани новости