Белград под закани: Ќе ве убиваат со автомобили, бомби, ножеви, се што дојде до рака!

by Fokus 18:58
18:58

Дојавите за бомби во училишта, трговски центи и аеродроми во Србија, кои се случуваат изминатиот месец, се окарактеризирани како тероризам, објави Нова.рс.

Утрово на адресите на повеќе од 90 училишта во Србија, но и на белградски деловен центар, како и на аеродромот „Константин Велики“ во Ниш, пристигнаа вакви дојави кои по проверките е утврдено дека се лажни.

Цел на заканите се и трговски центри, мостови, системот за снабдување со вода и други витални објекти. Во пораката што била пратена по мејл, од странство, не се  поставуваат политички барања туку има нихилистички текст кој гласи „ќе ве убиваат со автомобили, бомби, ножеви, се што дојде до рака. Отпадот како нас ќе уништи се околу себе, светот е трул, и вие сте трули“.

Според неофицијални информации, пријавите биле окарактеризирани како кривично дело тероризам. Одделот за високотехнолошки криминал кој вообичаено се занимава со идентични случаи е подготвен да му даде секаква помош на Обвинителството за организиран криминал.

Официјалните институции сè уште не се огласија за случајот.

Оваа состојба е зачестена во изминатите недели, а речиси секој ден пристигнуваат извештаи за поставени бомби.

Поради дојавите за лажни бомби во трговските центри, Србија најави дека ќе побара меѓународна помош.

 

Поврзани новости