Белгиската влада алармира дека до март британскиот вид на корона вирусот ќе стане доминантен

by fokus

Извештај на експертската група за коронавирусот поднесен до белгиската Влада алармира дека до март британскиот вид на коронавирусот ќе стане доминантен во земјата, јави дописничката на МИА од Брисел.

Комисијата “Корона“ го поднесе својот редовен извештај во власти, со три загрижувачки констатации, јавуваат денеска белгиските медиуми.

Првата е дека бројот на заразени се зголемува во цела земја, но најмногу кај младите и децата под 19-годишна возраст, што би можело да доведе до повторно затворање на училиштата.

Потоа, експертите алармираат дека бројот на кластери во училиштата не престанува да расте од почетокот на школската година во јануари.

Трет загрижувачки заклучок на експертите е дека новиот сој, познат како британски, ќе го замени досегашниот сој до март. Британскиот сој се пренесува многу побрзо, а експертите предупредуваат дека лабораториите во Белгија не ја постигнуваат потребната стапка за тестирање и секвенцирање на геномите.

Поврзани новости