Портпаролот задолжен за коронавирусот во белгиската Влада денеска предупреди дека ако продолжи трендот на зголемување на бројот на инфекции, земјата ќе треба повторно целосно да се затвори, како што беше во март и април, јави МИА од Брисел.
Портпаролот и виролог, Ив Ван Латем, порача дека ако кривата на инфекции и на хоспитализации не се подобри, ќе мора да се воведат построги мерки, слични на карантинот од март и април.
Белгија се соочува со еден од најлошите брановиви на ковид-19 во Европа, при што последните бројки на Институтот за јавно здравје покажуваат дека над 2 700 пациенти се моментално хоспитализиранипоради вирусот, од кои 446 се на интензивна нега.
Во последните седум дена кривата продолжила да расте со просек од 266 нови хоспитализации и 32 смртни случаи дневно.