Белчева: Ако Богдановиќ не издаде одобрение за објектот кај Холидеј Ин треба да ги врати парите

by Фокус

Советничката во Општина Центар, Јана Белчева-Андреева, изјави дека краток е рокот да се најде решение за спорниот проект кај Холидеј Ин.

-Треба Општина Центар да постапи чесно, транспарентно и да застане зад волјата на граѓаните. Најлошото што го слушаме е немоќта на институцијата. Напротив, мислам дека треба да размислиме што понатаму. Целта ни е да има правичност, неселективност, транспарентност и да се заштити интересот на граѓаните. Општина Центар не смее да биде условена со платените комуналии да го стави последниот потпис. Барајки вина или критики на институциите, нема да направиме ништо. Сега времето ни е кратко и градоначалникот има рок од 2 недели да стави потпис, или да ги врати парите – рече Белчева на ТВ 21.

Поврзани новости