Беља и Демири осудени на 19 години затвор за убиството на Саздо

by fokus

По 19 години затвор за Бесир Беља и Скендер Демири за убиство на 20-годишниот Никола Саздовски -Саздо. Ова е пресудата која денеска судијката Даниела Алексовска-Стојановска во Кривичниот суд им ја изрече на обвинетите Беља и Скендер.

-Обвинетите се виновни затоа што на свиреп начин го лишиле од живот Никола Саздовски, рече судијката Алексовска-Стојановска.

Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со уште едно 19-годишно момче кое е во бегство, на 29 јуни минатата година го претепале Саздовски на автобуската постојка во Автокоманда. Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на клинк КАРИЛ.

Воедно, Бесир Беља треба да исплати оштета од по 1.200.000 за таткото, мајката, братот, сестрата, а за бабата на Саздовски 600 илјади денари. Исто толку треба да им исплати и Скендер Демири.

Обвинителот предложи притворот да им се продолжи поради опасност од бегство, а адвокатот на Беља, Николче Наумов побара да се замени со куќен притвор.

Поврзани новости