Бектеши задоволен од Договорот со Грција за изградба на интерконектор за природен гас

by Fokus

Договор меѓу владите на Македонија и Грција за изградба на интерконекторот за природен гас беше потпишан од страна на министерот за економија на земјава, Крешник Бектеши и грчкиот министер за животна средина и енергија, Костас Скрекас денеска во Атина.

Како што јави дописничката на МИА од Атина станува збор за проект вреден околу 100 милиони евра, од кои 54 милиони евра се во Македонија.

Со интерконекторот за природен гас се отвора огромна можност, не само за Македонија, туку и за Србија, за Косово и за целиот регион на Западен Балкан и со него ќе се овозможи диверзификација на природниот гас.

-Ова е голем чекор напред кон подобрување на енергетската структура на нашата држава и секако тоа ќе придонесе во диверзификација на снабдувањето со природен гас, а секако и во однос на стабилноста во снабдувањето со природен гас, изјави Бектеши по потпишувањето.

Поврзани новости