Бектеши: Задолжителна редарска служба во маркетите и објектите за трговија на мало

by Fokus 13:22
13:22

Маркетите и останатите места на кои се врши трговија на мало се должни да обезбедат редарска служба пред и во внатрешноста на објектите, објави министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес конференција.

Од денеска, сите трговци се должни да постават и соодветни ознаки за обележување на правецот на движење и запазување на минимално потребното растојание.

- Advertisements -

„Доколку не се почитуваат одредбите од Уредбата, ќе следуваат и глоби. За малите и микро трговци кои нема да воспостават ред и дисциплина пред објектите предвидена е глоба од 500 до 1.000 евра. За средните и големите трговци, предвидена е глоба од 1.000 до 2.000 евра“, рече Бектеши.

Поврзани новости