Бектеши: За една компанија со 10 вработени ќе се поделат 152.000 денари за исплата на плати на вработените

by Fokus

Финансиската поддршка од шестиот пакет економски мерки е реална и предвидува поддршка за оние дејности кои со одлука на Владата се затворени, односно се најпогодени од пандемијата. Овие мерки се континуитет на претходните, а најголем дел од поддршката е наменета за туристичко угостителскиот сектор, порача министерот за економија Крешник Бектеши.

Министерот, во гостувањето во емисијата „Економски магазин“ на Алсат телевизија, појасни на кој начин е предвидено да се исплаќа финансиската поддршка во секторите кои се целосно затворени, како и оние што се затворени со последната одлука на Владата од пред три недели.

-Моделот е комбиниран. Предвидовме за сите регистрирани угостителски објекти да доделиме финансиска помош според нивните приходи или прометот кој го имале во 2019 година, комбинирано со 2020 година. Ќе се земе просекот од месецот и за периодот во кој биле затворени, 30 отсто од тој промет ќе им се додели на угостителските објекти. Оваа мерка покрај угостителите во иста форма е наменета и за приватните детски одморалишта, ноќните клубови, игротеките, рестораните за свадби, ивент индустријата, фитнес центрите, фотографи и фотографски студија и туристички агенции, рече министерот.

Моделот, посочи, ќе биде сличен како оној кој што го реализиравме во четвртиот квартал од 2020 година и ќе одиме со директна помош како грант, зависно од категоризацијата.

-Предвидена и поддршка за исплата на плата по вработен, на пример за една компанија со 10 вработени ќе се поделат 152.000 денари за исплата на плати на вработените, рече Бектеши.

Поврзани новости