Бектеши: Сум за зголемување на тарифите за концесионерите на рудниците

by fokus

Министерството за економија предлага да се зголемат тарифите што треба да ги плаќаат концесионерите на рудниците за искористување на просторот и експлоатација на рудата.

Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, концесионерите за ваквиот предлог се информирани, но допрва ќе се утврдува колкаво ќе биде зголемувањето.

– Како министер сум за да ги зголемиме овие тарифи. Убеден сум дека надоместоците по оваа основа треба да се сменат и тие средства да се наменат за проекти за подобрување на животната средина, здравството и образованието, рече Бектеши пред официјалното отворање на фабриката „Чагатај Кабло“ во индустриската зона „Бунарџик“.

Тој информира дека веќе им е дадено задолжение на службите во Министерството да почнат со подготовка на измените на тарифникот.

Поврзани новости