Бектеши: Со децении не биле подготвени капацитетите за електрична енергија, тоа го решивме за една година!

by Fokus

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека за помалку од една година сите енергетски капацитети се ставени во функција.

– Со децении не биле подготвени сите капацитети да произведуваат електрична енергија. За помалку од една година веќе сите капацитети се во функција и ќе бидат ставени во функција на потребите на бизнисот и на граѓаните. Тоа се покажува и со цените на електрична енергија за малите потрошувачи каде имаме нагло намалуање, а во однос на наредните цени ќе зборуваме во јуни, но од денес можам да ви кажам дека и таму ќе има намалување, изјави Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Пекабеско“.

Поврзани новости