Бектеши: Рестораните за свадби можно е да отворат на крајот на мај

by Fokus

Министерот за економија, Крешник Бектеши во Клик Плус, рече дека рестораните за свадби можат да бидат отворени од крајот на мај.

-Верувам и во дискусиите што ги имаме во кризниот штаб дека од некаде кон крајот на мај ќе биде дозволено да отвораат свадбените ресторани, земајќи го предвид трендот на опаѓање на нови случаи, изјави Бектеши.

Претходно, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, последно што изјави е дека додека здравствената криза е во тек не може да се дозволи да работат рестораните за свадб и дека за сите угостителски објекти кои се затворени овој период со одлука на Владата ќе следи економска поддршка.

– Ќе направиме се што треба за да влезат во системот, да бидат категоризирани и соодветно да се постапи со нив во редовните програми на Министерството за економија и ако е потребно и со дополнителни мерки. Тие се една од категориите, заедно со уште неколку, кои се најпогодени на светско ниво, за кои размислуваме како да ги третираме на соодветен начин, порача Битиќи пред помалку од две недели.

 

Поврзани новости