Бектеши: Ова не е време за уцени, јасно е дека сите по нешто ќе изгубиме од оваа криза!

by Fokus

Министерот за економија, Крешник Бектеши, на денешната прес конференција порача дека вчерашните укажувања на угостителите не се точни, посочувајќи дека ова не е време за уцени.

„Владата имаше целосно разбирање за туризмот, транспортот. Свесни сме дека голем број од компаниите се директно опфатени со кризата. Укажувањата на угостителите сметаме дека не се точни, имајќи ги во предвид податоците од Банката за развој. Очекуваме неполитизиран пристап од бизнис заедницата на Северна Македонија. Ова не е време за уцени, јасно е дека сите по нешто ќе изгубиме од оваа криза. Важно е сите да го пребродиме ова заеднички“, истакна Бектеши.

 

Поврзани новости