Бектеши: Обезбедени се 50 милиони евра за петтиот пакет

by Фокус

Министерот за економија Крешник Бектеши вечерва посочи дека се обезбедени 50 милиони евра за петтиот пакет мерки.

-Обезбедивме 50 милиони евра и моментално ги дизајнираме мерките и тие ќе бидат таргетирани секторски каде имало поголемо влијание од ковид-19 во делот на намалувањето на приходите на отпуштање на работници. Тоа ќе го направиме заедно со стопанските комори со сите засегнати страни – рече Бектеши на ТВ 24.

Според него, се подобрува состојбата во однос на економијата.

Поврзани новости