Бектеши кон Мицкоски: Северна Македонија е и моја, тука има 600.000 Албанци

by Фокус 21:46
21:46

Министерот за економија, Крешник Бектеши, вечерва во гостување на ТВ21 му одговори на Христијан Мицкоски, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го нападна во врска со спорните изјави во Тирана.

Бектеши пред неколку дена во Тирана, откако албанска новинарка му се обрати со „македонски министер“, реагираше поправајќи ја дека тој не е македонски, туку Албанец кој ја претставува Северна Македонија.

Мицкоски на ова реагираше оценувајќи дека е „непријателски акт кога министер се срами да каже дека е „македонски““.

Бектеши вечерва рече дека му е чест што е министер на Република Северна Македонија, но и одговорност затоа што ги застапуваа сите граѓани во државата и сите етникуми.

-Што се однесува до мојата изјава, јас се произнесов дека по националност сум Албанец и ова е реалност, исто како што е реалност дека над 600.000 илјади Албанци живеат во Северна Македонија. Колку што Северна Македонија му припаѓа на господинот Мицкоски, толку ми припаѓа и мене – рече Бектеши.

Поврзани новости