Бектеши: Февруари ќе биде клучен за петтиот сет економски мерки

by Fokus

Очекуваме февруари да биде клучен за реализација на мерките од петтиот пакет економски мерки и им порачувам на пратениците во Собранието да ја усвојат грантната шема за да може да се спроведат, посочи денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

-Убеден сум дека наредните законски решенија кои ќе произлегуваат од петтиот сет на економските мерки ќе бидат поддржани и од страна на опозицијата, бидејќи јавно кажуваат дека се за поддршка на граѓаните и на стопанството во целина, изјави Бектеши во одговор на прашање по денешната посета на скопската компанија Раде Кончар ТЕП.

Владата и сите кои учествуваат во економско социјалниот совет, додаде, сакаат да донесат што подобри мерки за да му излеземе во пресрет на стопанството, а особено на угостителскиот и туристичкиот сектор.

-Одредени мерки се предвидени и во петтиот сет економски мерки во делот на исплатана палати, но истовремено и со нудење бескаматни кредити и слично. Повеќето од барањата на угостителскиот и туристичкиот сектор ќе бидат прифатени. Како институција веќе сме направиле соодветни анализи и нема да останеме пасивни, но мерките ќе бидат во насока на проактивност и на институции, но и на угостителите. Сите тие кои кон крајот на 2021 година ќе покажат дополнителни резултати од претходните години вклучувајќи ги и 2019 и 2020 година ќе бидат повеќе помогнати. Тие кои ќе бидат пасивни ќе бидат помогнати како сите фирми кои ќе ги исполнат условите, рече Бектеши.

Поврзани новости