Бектеши до ВМРО: Струјата е поскапена за ваши блиски, за Ј.К., а не е Јелена Карлеуша

by fokus 23:24
23:24

Струјата е поскапена за само во четвртиот блок и тоа за ваши многу блиски луѓе кои грејат базени и копаат криптовалути, за Ј.К., а не е Јелена Карлешуа, а кога не сум на говорница ми викате „А бе, има нешто фотонапонски централи за ВМРО?’. Ова беше одговорот на министерот за економија на пратеничко прашање на пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница кој до премиерот поставуваше прашања за инфлацијата, за животниот стандард. За поскапувањето на струјата му одговори Бектеши.

-Ќе се вратам на струјата, зашто Бојан, кога не сум на говорница, ме прашувате: ‘А бе, има нешто фотонапонски централи за ВМРО?“, кажа Бектеши и предизвика бурни реакции од опозицијата.

-Вие многу добро знаете дека таа штета се прави на грбот на граѓаните. Па излегуваш тука и зборуваш дека е многу покачена цената на електричната енергија. Цената на електричната енергија е зголемена само во четвртиот блок, и тоа за ваши многу блиски луѓе, кои трошат 36 мегавати месечно. Грејат базени, копаат криптовалути. Го знаете и сами кој е, Ј. К., а не е Јелена Карлеуша, тој вашиот што ве финансира. И вие денес се буните зошто ги браниме граѓаните од првиот, вториот и од третиот блок. Да се троши 36 мегавати струја месечно е 86 пати повеќе од просечно македонско семејство во државата. Затоа ќе си плаќа поскапа струја, зашто има можност, рече Бектеши, пренесе СДК.МК.

Поврзани новости