Беќаровски: Тешко дека цивилите во тетовската болница го затворале кислородот, а тоа прави експлозивна маса

by fokus

Доктор Нико Беќаровски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 го постави прашањето дали можеби една од причините за трагедијата во тетовската модуларна болница е неконтролирано течење на кислород, предизвикано од цивилите присутни во болницата.

-Бев шокиран кога слушнав дека во модуларната Ковид болница во Тетово имало присутно роднини на пациентите. Има цела техника на облекување и заштитна оперма. Нема шанси цивил сето тоа да го знае и кога ќе излезе на себе да не го изнесе вирусот. И кај нас има притисоци, но среќа е што имаме поставено војска. Може да се случи преку прозор да искомуницираат, но да влезат никако. Во оваа година ипол јас немам слушнато за посетител пристуен внатре во Ковид болница. Ние сме доктори, не можеме да зборуваме дали болницата била изградена како што треба  или дали кислородната вентилација била направена како што треба. Проблем е и цивил, кој го чува пациентот. Пациентот ќе рече тешко ми е дишењето, и ќе му попушти доток на кислород. Потоа ќе остане така и кислородот ќе тече. Значи расте и концентрацијата на кислород. Прашање е и дали тоа не се причините. Ако не се затвори доводот, доволно е процентот од 24 отсто да рипне на 25 отсто, просторијата е мала и тоа е експолозивна маса. А, верувајте сигурно не го затворале доводот. Зашто ние мака мачиме и со  дел од новите болничари да ги научиме дека во секој момент треба доводот да се затвори. Да не зборуваме ако се запали цигара, рече Беќаровски.

Поврзани новости