Беќаровски: „Скопје 2014“ чини колку еден модерен медицински центар, сега ја плаќаме цената!

by Fokus

Проектот „Скопје 2014“ чини колку еден ултрамодерен медицински центар. Сега ја плаќаме цената поради невложување во здравството во изминатите 30 години, вели доктор Беќаровски во гостувањето на ТВ24.

„Најголемиот дел од болниците во земјава ни се се уште оставени како во 60-тите. Никој не беше подготвен за ова, мора да се инвестира во јавното здравство. Државата требаше да собере сили да ги среди болниците во поголемите градови. Не може да биде толку голем јазот меѓу „Жан Митрев“ и „Универзитетска клиника“. Само во Скопје 2014 проектот лежи еден мултифункционален Клинички центар со кој би се гордееле. Се дозволи дел од објектите се во супстандардни услови, ако влезе во една просторија еден заразен, цели 45 минути нема да може да влезе друг пациент. Откако ќе помине ова, сериозно ќе треба да се размисли за овие работи. Не се вложуваше во здравството цели 30 години, сега дојде време за наплата“, смета тој.

Поврзани новости