Беќаровски: Се зголемува бројот на обиди за самоубиства поради корона вирусот

by Fokus

Состојбата со корона вирусот во Македонија психички лошо влијае врз голем дел од луѓето, смета доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24.

„Состојбата во моментов е алармантна, кај голем дел од персоналот се јавија знаци, околу 20% се зафатени од болеста. Од 16 лекари, 4 лекари се позитивни, слично е и со сестрите. Тековните работи ни се зголемени, последниве неколку месеци суицидални обиди се зголемени, обидите за самоубиства со труење со киселина е зголемен за 30%. Психички полабилни особи овој притисок не можат да го издржат. Секој ден има напади на медицинскиот персонал, протоколите создаваат дополнитена гужва, па добро е што пред сите центри ќе има војска и ќе се ублажи оваа состојба. Нови симптоми на Ковид 19 се појавуваат секој ден, кај голем дел од оние кои прележале во првиот бран се забележуваат знаци на затегање на срцевиот мускул и други проблеми. Треба да се очекуваа компликации од вирусов, тој ги зафаќа сите органи“, додава тој.

Поврзани новости