Беќаровски: Последиците од Ковид-19 се катастрофални

by Fokus

Професорот Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија гостуваше во денешната емисија „24 анализа“ на ТВ 24.

Како што истакна тој, вирусот стивнува, но сега се појавуваат други проблеми со кои граѓаните треба да се изборат.

„Реално бројките стивнаа, што се однесува до ковид-пациентите, меѓутоа сега на површина излегуваат пациентите кои што година и половина седеа дома и беа исплашени. Факт е дека не е само да се излечи вирусот. Последиците што ги остава се катастрофални. Во моментов во државата доминира стомачен вирус и воглавно клиниките се полни со оваа патологија“, истакна Беќаровски.

Поврзани новости