Беќаровски: Немаме протокол за матичните лекари

by fokus

Доктор Нико Беќаровски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека и по година ипол Македонија нема донесено протокол за лекување на Ковид пациенти за матичните лекари. Таков протокол има само за болниците.

-Јасно им е кажано на матичните лекари дека во првите пет дена од заразувањето, не смее да си играат со Сумамед и дупли дози. Кај нас секој матичен лекар води своја политика. Некој дава антибиотик, некој ги тера на енормни токсични дози на витамини. А, првите пет дена ни се клучни. Понтаму, требаше да се направи Ковид центар во секој здравствен дом каде секој пациент на петтиот ден ќе одеше на проверка. А, не да одат во болниците на преглед. Проблемот е што ние не направиме протокол за матичните лекари. А, и нив ќе им биде полесно ако имаат точни насоки. И тие ќе беа заштитени. Лутаат и тие и пациентите им вршат притисок. Ќе слушне дека комшијата испил шест Сумамеди и му било подобро и инсистира да му биде и него препишано, вели Беќаровски.

Поврзани новости