Бејли вечерва се сретна со Груевски

by fokus

Амбасадорот на САД, Џес Бејли, предмалку излезе од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ каде што имаше средба со претседателот на партијата Никола Груевски.

Тој не сакаше да открие за што разговарале со Груевски, само најави дека планира да одржи средби и со останатите лидери на политичките партии кои освоиле мандати.

-Ја ценам можноста да слушнам за изборите и патот напред. Како што знаете, САД е партнер на оваа земја и ние имавме добар разговор. Јас ќе имам слични состаноци со останатите лидери на партиите кои добија мандат на овие избори- рече Бејли.

Инаку, на вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред ДИК, директорот на Државниот архив, Филип Петровски, упати порака до „Амбасадорот“ со суптилни закани до него укажувајќи му да си оди од земајва.

Поврзани новости