Бејли: По потпишувањето на договорот, оптимист сум за иднината на Македонија

by Fokus

Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денеска ја промовираше 14. генерација на апсолвенти, а на свеченоста присуствуваа и амбасадорите на САД и Словенија, Џес бејли и Милан Јазбец и министерот за образование и наука Арбр Адеми.

Амбасадорот Бејли во своето обраќање рече дека е оптимист и за иднината на Универзитетот на ЈИЕ и за иднината на Македонија како земја.

– Ова е нов почеток за Универзитетот бидејќи професор Абдулменаф Беџети ќе ја преземе функцијата ректор, а професорот Замир Дика ќе започне нова фаза во својата истакната кариера. Општо земено тоа е момент на нови почетоци за Република Македонија бидејќи премиерите Заев и Ципрас ќе се состанат во Преспа за да го потпишат договорот за решавање на спорот за името што го попречуваше напредокот на земјата кон НАТО и ЕУ. Јас сум оптимист и за иднината на УЈИЕ и за Македонија како земја, истакна Бејли.

Поврзани новости