Бејли го возврати ударот: Уште еден руски гасовод нема да го реши загадувањето

by fokus 21:18
21:18

Откако претседателот на Обединета македонска дијаспора, Мето Колоски денеска на својот Твитер профил ги предизвика Амбасадата на САД во Македонија и Амбасадорот Џес Бејли, наведувајќи дека се случува „Твитер војна меѓу амбасадите на САД и Русија поради загадувањето на воздухот во Македонија, набргу доби одговор од Бејли.

Амбасадорот на САД одговори опширно. „Не е Твитер војна. Ние им поставивме на македонските граѓани прашање за краткорочни мерки за чист воздух. Уште еден руски цевковод тоа нема да го направи. САД ја поддржуваат желбата на Македонија да донесе гас во македонските градови и разноликоста во снабдувањето со гас за Македонија и Европа“, напиша амбасадорот на САД во одговор на Колоски.

- Advertisements -

 

Поврзани новости