Беџети: Нелогичен буџет за предизборни цели

by Фокус

Нелогично е да се очекува понизок економски раст, а повисок буџет, но имајќи ги предвид претстојните политички активности, тоа е сосема нормално очекувано бидејќи досега беше слично однесувањето на македонската влада, вели академик Абдулменаф Беџети во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

–  Во услови на опаѓачка тенденција на економијата да предвидувате растечки приходи во фискалниот буџет е малку нетипично, но и нелогични, меѓутоа и образложенијата беа насочени во тој правец дека се покачени реализациите на приходите од директните даноци, т.е. персоналниот и данокот на добивка, а наспроти тоа е значително изразито опаѓање на ДДВ-то, кое беше некаде минус шест отсто реализирано од проекцијата, така што ова уште повеќе ја зголемува дилемата во однос на реалните проекции кои се направени, но во секој случај имајќи го предвид политичкиот циклус и претстојните политички активности со политичката криза, тоа е сосема нормално очекувано бидејќи досега беше слично однесувањето на македонската влада – истакна Беџети во интервјуто.

Поврзани новости