Бебето на заразената родилка од Куманово нема корона

by Frosina Fakova

Бебето родено на 14 април на Клиниката за гинекологија и акушерство – Скопје, чија мајка е заразено со корона вирус, е негативно на резултатот за COVID-19, соопштија од ЈЗУ ГАК -Скопје.

– Во вторникот вечерта во ГАК беше породена 28-годишна пациентка, за која вчера стигна позитивен резулат од тестот за COVID-19. Пациентката немаше симптоми за коронавирус, беше породена спонтано, но затоа што е од кумановскиот регион, со неа уште од самиот прием на клиниката се постапуваше како со пациентка од ризично подрачје и по сите протоколи, и беше земен брис за COVID-19. Брис од бебето беше земен откако пристигна позитивен резулатат за COVID-19 кај неговата мајка, информираа од ГАК-Скопје.

Вчера и мајката и бебето биле пуштени од Клиниката во добра здравствена состојба.

Поврзани новости