Бебето било претепувано и претходно, има модринки по целото тело, повреди на мозокот и скршеници

by Fokus

Бебето кое вчера заврши на Клиниката за реанимација, анестезија и интензивно лекување било и претходно претепувано, потврди за „Фокус“, доктор Маја Мојсовска, раководителка на КАРИЛ.

„Бебето било тепано и претходно. Кај нас беше донесено во многу лоша состојба, со хематоми и подливи по целото тело. Исто така има повреди на мозокот и скршеници на потколеницата. Во моментов е во малку подобра состојба, но ќе биде под опсервација и во наредните 24 часа и ако му се подобри состојбата ќе го префрлиме на одделение – додава Мојсова.

Поврзани новости