Бате Геле го плашеше СДСМ со ликот на Мијалков

by Фокус

Штпјанецот Ангеле Зафировски, познат како Бате Геле, предмалку се качи на клупа на плоштадот ВМРО и довикуваше кон општинската организација на СДСМ Центар, која е веднаш спроти главниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Потоа, тој ја соблече јакната на која го има ликот на ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков и ја сврте кон општинската организација на социјалдемократите.

Бате Геле, кој го има истетовирано Мијлаков и на телото, беше уапсен поради учество во толпата што упадна во парламентот на 27 април, кога беа нападнати пратеници од СДСМ и албанските партии.

К.С.

Поврзани новости