На Градскиот плоштад во Охрид вечерва од 19 часот почнуваат активностите во рамки на годинашното издание на театарот под отворено небо„ Баскерфест 2018“. Учесниците на манифестацијата на денешната прес-конференција најавија многу возбудувања, адреналин и атрактивни изведби за публиката во Охрид од сите генерации.
– Ова е четврта година по ред како Баскерфест доаѓа во Охрид. Нашите артисти при договарањето, секогаш прво не прашуваат дали ќе дојдат во Охрид, истакна Сандра Темова од организацијата на „Баскерфест“.
Најавени се настапи на интересни артисти од многу држави од целиот свет, од далечни земји како Аргентина, Бразил, Јапонија, Шпанија.