Башановиќ уште една година ќе го советува Заев

by fokus

Премиерот Зоран Заев летово ги продолжил договорите на четворица соработници од Србија на период од уште една година, објави БИРН, повикувајќи се на потврда од владината прес-служба.

Поранешниот естраден менаџер Зоран Башановиќ и ексдиректорот на државната компанија за производство и за дистрибуција на струја во Србија ЕПС, Александар Обрадовиќ се надворешни соработници за економски прашања, човекот што ја водеше српската Агенција за приватизација, Љубомир Шубара му помага на премиерот околу финансиите, банкарството и околу инвестициите, додека како ИТ-експерт е ангажиран Владимир Цветковиќ.

Месечниот надоместок на Башановиќ е од 1.500 евра, додека Обрадовиќ, Цветковиќ и Шубара земаат по 1.200.

Поврзани новости