Башановиќ ургирал кај Заев, Јасна Мандиќ да не оди во притвор

by fokus

Поранешниот советник на премиерот Зоран Заев, Зоран Башановиќ ургирал кај премиерот и побарал претседателката на „Меѓународен сојуз“, Јасна Мандиќ да не оди во затвор.

Разговорите меѓу Заев и Башановиќ денеска беа презентирани на судското рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ како дел од комуникацијата од вештачењето на телефонот и компјутерската опрема на обвинтетата Мандиќ.

Таа објасни дека оваа комуникација не е лично нејзина, туку ѝ била препратена од други лица.

„Те молам само да не оди во затвор. Полицијата е моментално кај неа дома, па ако можеш да средиш да не ја однесат“, напишал Башановиќ.

„Знаеш дека тоа зависи од обвинителството и судот. Ќе видам што можам да направам“, одговорил Заев.

За случајот со невладината организација Меѓународен сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Поврзани новости