Барселона и Јувентус подготвуваат спектакуларна размена

by Fokus

Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман би можел да продолжи со кариерата во италијанскиот шампионат, тврди „Гет Франс Фудбал“, повикувајќи се на „Л’Екип“.

Според изворот, шпанскиот клуб контактирал со Јувентус во врска со можната размена на 31-годишниот француски фудбалер со торинскиот напаѓач Пауло Дибала.

Претходно, шпанските медиуми известуваа за интересот на Манчестер сити и Атлетико Мадрид за Гризман.

Минатата сезона, Гризман забележа 51 настап за Барселона, постигнувајќи 20 гола и реализирајќи 13 асистенции. Неговиот договор со Каталонците важи до крајот на јуни 2024 година.

На сметка на 27-годишниот Дибала минатата сезона се 26 натпревари, пет гола и три асистенции. Неговиот договор со Јувентус трае до 30 јуни 2022 година.

„Трансфермаркт“ го проценува Гризман на 60 милиони евра, Дибала десет милиони евра помалку

Поврзани новости