Барањето за екстрадиција на Морина во понеделник пред Кривичниот суд

by fokus

Барањето на Србија за екстрадиција на поранешниот припадник на УЧК, Томор Морина, пристигнало во Министерството за правда, и во моментов се преведува. Се очекува материјалот во понеделник да биде доставен до Кривичниот суд, пишува Б92 повикувајќи се на изјава од министерката за правда, Рената Дескоска.

Кога Србија ќе добие одговор зависи од тоа дали документацијата е комплетна и дали судот ќе побара дополнителни информации. Конечната одлука за Морина ќе ја донесе Министерството за правда.

Морина беше уапсен на граничниот премин Блаце по потерница распишана од Интерпол. Во Србија се товари за злосторства спрема цивили.

Функционери од албанските партии во земјава отворено се заложија за него и побараа од судските истанци да го ослободат.

Поврзани новости