Барал ракија во туѓа куќа, откако не нашол ја запалил

by fokus

Подметнат бил пожар во куќа во неготинско Пепелиште, нема повредени, оваа информација за МИА ја потврдија од Министерството за внатрешни работи.

– Пожарникар синоќа го пријавил во полиција случајот со подметнат пожар од страна на едно лице. Никој не живеел во куќата во која бил подметнат пожарот, рекоа од полицијата.

Од таму додаваат дека бил извршен увид и се работи на расчистување на случајот.

Неофицијално, во селото се шпекулира дека пожарот наводно бил подметнат од лице кое во минатото било обвинето за убиство.

Наводно, во куќата била барана ракија, па откако не била најдена, бил предизвикан пожар. Сопствениците на куќата во моментов живееле на друго место, а во неа имало услови за живеење.

На лице место интервенирала и Територијалната противпожарна единица од Неготино, за МИА потврди командирот Иле Илиев.

Поврзани новости