Балотели повторно не мирува

by fokus 10:13
10:13

Марио Балотели се вмеша во нов скандал. Напаѓачот на Бреша беше забележан како ја напушта последната тренинг сесија предвреме во четвртокот и според „Газета Дело Спорт“, ова се случило по судир со тренерот Фабио Гросо.

„Марио оди си“, биле зборовите на Гросо до напаѓачот, по што Балотели ја напуштил сесијата.

- Advertising -

Клубот негираше какви било тензии меѓу Балотели и Гросо, но очевидци велат дека 28-годишниот Марио бил доста лут кога го напуштил клубот.

Гросо го замени Балотели на полувремето на дуелот со Торино (0:4), што веројатно довело до затегнати односи меѓу двајцата.

Сега ќе биде интересно да се види дали Марио ќе биде во почетните единаесет за судирот со Рома во недела и дали тој дури ќе биде во групата за гостувањето на „Олимпико“.

Поврзани новости