Бактерија се шири во Хрватска, има и смртни случаи

by Fokus

Инвазивната бактериска стрептококна инфекција која се шири во Хрватска, однесе и четири човечки животи, пренесуваат хрватските медиуми.

Според информациите, 15 лица се разболеле од инфекцијата а четири од нив не успеале да ја издржат борбата со инфекцијата.

Меѓу разболените има и две деца, а медицинските лица од Хрватска изразуваат загриженост за ваквиот развој на настаните.

Поврзани новости