Бајрам побара надминување на сиромаштијата: Луѓе умираат зашто немаат пари за лекување и нема кој да ги закопа

by Фокус 14:00
14:00

Независниот пратеник Амди Бајрам на денешната парламентарна седница посветена на пратенички прашања ја праша владата дали може да направи нешто повеќе во насока на надминување на сиромаштијата, бидејќи, како што рече, претходната влада не го решила ова прашање.

-Има сиромашни кои не можат да се лечат. Скапи се лековите и не можат да ги купат, немаат здравствени книшки, доаѓа време за операција, умирачка… И после не може да се погребаат, бидејќи немаат пари и нема кој да ги закопа. Како да се донесе одлука на влада да се оперираат овие луѓе, да добијат лекови… – праша Бајрам.

- Advertisements -

Тој побара да се преземат и мерки за средување на состојбите во домовите каде се згрижени деца и да се реши проблемот со питачите.

-Тоа во домовите е распуштена комадна. Не велам дека од сега, туку од порано. На плоштад може да се сретнат деца кои дуваат со кеси – говореше лидерот на Сојузот на Ромите.

Поврзани новости