Бајрам: Не преговарам со ВМРО-ДПМНЕ, тој брод потона

by fokus

Пратеникот и претседател на Сојуз на Ромите, Амди Бајрам, ги демантираше денеска информациите дека преговара за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ. Тој категорично рече дека на предвремените парламентарни избори ќе настапи во коалиција со СДСМ и побара извинување за објавување на овие, како што рече, шпекулации.

-Чиста лага е дека преговарам со ВМРО-ДПМНЕ, ниту преговарам ниту имам било каквa работa со нив, ништо. Јас сум во коалиција со СДСМ и останувам понатаму во коалиција со СДСМ – рече Бајрам.

Коментирајќи ја неговата изјава дадена неколку пати во минатото, дека Сојузот на Ромите секогаш треба да биде во коалиција со власта, Бајрам рече:

-Точно е тоа дека сум го изјавил, сум го кажал и тука во парламентот. Увек треба да бидеме со власта, но јас гледајќи ја целата ситуација, бев во тој брод, Титаник потона, нормално во другиот брод пројдов успешно и имав добра соработка со СДСМ. Сега сум во коалиција и останувам со СДСМ. На премиерот Заев по лидерската средба му дадов поддршка дека на избори идеме заедно. Не идам со никого, останувам со СДСМ, било што било некад – рече Бајрам.

Поврзани новости