Бајден за шеф на својот кабинет назначи експерт за вируси и економија

by Fokus

Избраниот претседател Џо Бајден го избра долгогодишниот соработник Рон Клајн за шеф на неговиот кабинетот, една од највисоките позиции во администрацијата што доаѓа. „Длабокото, разновидно искуство и капацитет на Рон Клајн за работа со луѓе од целиот политички спектар е токму она што ми треба во Белата куќа, бидејќи се соочуваме со овој момент на криза и повторно ја зближуваме нашата земја“, напиша Бајден на Твитер. Изборот на Клајн го рефлектира приоритетот на администрацијата на Бајден за ставање под контрола на пандемијата на коронавирусот и управување со економските турбуленции.

Клајн беше координатор за одговор на еболата која се појави во Западна Африка во 2014 година и одигра клучна улога во изготвувањето и спроведувањето на планот за економско закрепнување на администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама во 2009 година за време на глобалната финансиска криза. Тој беше шеф на кабинетот на Бајден за време на првиот мандат на Обама и беше советник во кампањата на Бајден. Тој исто така беше шеф на кабинет на потпретседателот Ал Гор во средината на 90-тите години и работеше во Конгресот кога Бајден беше сенатор. Шефот на кабинетот развива политичка и законодавна стратегија и служи како врска со Конгресот во законодавните преговори.

Поврзани новости