Бајден: Воената мисија во Авганистан завршува

by fokus

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека воената мисија на неговата земја во Авганистан ќе заврши „брзо и безбедно“ до 31 август.

-Не отидовме во Авганистан за да градиме нација – рече тој во говорот за напорите на неговата администрација за ставање крај на американската војна во Авганистан, додавајќи дека „авганистанските лидери треба заедно да одат кон иднината“.

Бајден ја потврди сопствената одлука да ги прекине воените операции на САД во Авганистан, и покрај успехот на талибанците во преземањето контрола над делови на авганистанската територија.

Поврзани новости