Бајден води и во Невада и Аризона

by fokus

Демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден води во државата Пенсилванија, но и во други две држави што може да имаат влијание врз конечниот исход на изборите – Невада и Аризона.

Според последните резултати, врз основа на 91 процент од пребројаните гласови, Бајден во Невада води со околу 22.000 гласови.

Според проекцијата на Би-Би-Си, во Аризона предноста на Бајден е намалена од вчера и сега води со 43.570 гласови, додека тој претходно имаше предност од 47.000 гласови пред Трамп.

Во најголемиот округ во Аризона, кој сè уште ги брои гласовите, Марикопа Каунит, остануваат да се пребројат 142.000 гласови.

Во Пенсилванија, според Фокс, по обработката на 98 проценти од гласачките ливчиња, Бајден сега има 3.295.319 гласови, додека Трамп има 3.289.725 гласови и заостанува со 5.594 гласови.

Шансите на Трамп да обезбеди реизбор ќе зависат од случувањата во земјата, пренесува Си-Ен-Ен.

Бајден води со 253 изборни гласови во однос на Трамп, кој има 214, а за победа се потребни 270 изборни гласови.

Аризона носи 11, Невада шест и Пенсилванија 20 електронски гласа.

Поврзани новости