Бајден во посета на „Фајзер“, ќе бара да се забрза производството на вакцини

by Fokus

Американскиот претседател Џозеф Бајден денес планира да го посети погонот на фармацевтската компанија Фајзер во градот Каламаз во сојузната држава Мичиген, за да ја разгледа можноста за забрзување на производството на испорака на вакцината против ковид-19, пренесува Ројтерс.

Според агенцијата Бајден оди во обиколка на најголемиот производен погон на Фајзер и единствен во САД во кој се произведува вакцина против ковид-19 во моментот кога владее голема побарувачка на вакцини, а најмалку 15 отсто од населението во земјата е вакцинирано против коронавирус.

Главниот здравствен советник во американската администрација Ентони Фаучи неделава рече дека главна цел на владата е да го зголеми бројот на дози, но дека побарувачката е далеку над расположливите вакцини.
Белата куќа порано овој месец изјави дека ќе ги користи овластувањата од Законот за одбранмбено производство за да му помогне на Фајзер побрзо да ја добие потребната опрема за зголемување на производството.

Агенцијата наведува дека Фајзер по договор е обврзан да им испорача на САД триста милиони вакцини кои ги разви со Бионтек, а кампањата до крајот на јануари испорача 29 милиони дози и потврди испорака на сто милиони дози до крајот на март и уште сто милиони до крајот на мај, а остатаокот од договорените дози до крајот на јули.

Американската компанија се уште не испорачала на Европската унија околи десет милиони дози на вакцината, потврдија од ЕУ. Фајзер и Бионтек најавија дека целта им е оваа година да направат околу две милијарди дози на вакцини против ковид-19.

Поврзани новости