Бајден со вратоврска со грчкото знаме на средбата со Мицотакис

by Fokus

Со сино бела вратоврска со грчкото знаме, претседателот на САД, Џо Бајден го пречека премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис на нивната вчерашна средба во Белата куќа, јави дописничката на МИА од Атина.

Вратоврската не остана незабележана од Мицотакис, кој ја коментираше при пристигнувањето и му се заблагодари на Бајден, а ракувањето пред средбата беше проследено со дијалог дали Бајден на грчки е „Бајденопулос“ или „Бајденакис“.

-Џо Бајденопулос, му рече претседателот на САД на Мицотакис, пречекувајќи го во неговата канцеларија.

-Бајденакис! Веројатно е подобро. Мицотакис- Бајденакис, коментираше грчкиот премиер.

Поврзани новости