Бајден се врти кон Венецуела: Би ја изолирал Русија и би го зголемил производството на нафта

by Fokus

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден размислува за ублажување на санкциите кон Венецуела за да може земјата да почне да произведува повеќе нафта и да ја продава на меѓународниот пазар, тврди извор на Си-ен-ен.

Овој потег ќе има цел да ја намали глобалната зависност од руската нафта поради руската инвазија на Украина и да ја изолира Русија од еден од нејзините клучни сојузници во Јужна Америка, рече изворот.

Претставници на администрацијата на Бајден, вклучително и директорот на Советот за национална безбедност на западната хемисфера, Хуан Гонзалес, и специјалниот пратеник на американскиот претседател за прашања на заложниците, Роџер Карстенс, беа испратени во Каракас во текот на викендот за да разговараат за ова прашање.

Покрај тоа, ќе се зборува и за американските државјани, кои моментно се во притвор во земјата.

Да потсетиме, Вашингтон воведе санкции за венецуелската нафта во 2019 година и ја затвори својата амбасада во Каракас бидејќи ја сметаше за лажна победата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро на изборите во 2018 година.

Поврзани новости