Бајден прогласи “голема катастрофа” во Тексас

by fokus

„Голема катастрофа“ прогласи претседателот на САД Џо Бајден во Тексас, со што се отвора можност за пренасочување на федерални фондови кон таа сојузна држава, каде што милиони луѓе, поради снежното невреме, немаат струја и вода.

Според Федералната агенција за управување со вонредни состојби речиси половина држава вчера немаше вода за пиење, а струја нема веќе неколку дена – додека температурите се во минус. Повеќе од 20 лица ги загубија животите во студениот бран.

Тоа е исто така прва голема криза со која се соочува новиот претседател на САД во првиот месец од неговиот мандат.

Поврзани новости