Бајден преку својот советник бара ослободување на Навални, а дел од европските земји санкции за Русија

by fokus

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден преку својот иден советник порача дека Русија би требало веднаш да го ослободи опозицискиот лидер, Алексеј Навални којшто е приведен по враќањето од Берлин во Москва.

-Навални би требало веднаш да биде ослободен, а извршителите на нападот врз него би морале да бидат изведени пред лицето на правдата. Нападот на Кремљ врз животот на Навални не е само кршење на човековите права туку и навреда на сите Руси кои би сакале да се слушне нивниот глас, напиша Џејк Саливен, идниот советник за национална безбедност на Бајден.

Литванија, Летонија и Естонија, земји членки на Европската унија, вечерва пак повикаа на воведување на рестриктивни мерки, односно санакции за Русија поради апсењето на Навални. Негово ослободување побара и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Поврзани новости